Почнува еуфоријата во Мадрид: Трансферот на Азар е прашање на ден!

745

Белгискиот репрезентативец Еден Азар ќе биде трето засилување за Реал Мадрид за новата сезона по Родриго и Едер Милитао.

Шпанскиот весник Марка тврди дека се е договорено и дека останува само да се финализираат некои работи пред тој официјално да стане играч на „кралскиот клуб“. Со оглед на тоа што во тек е оваа сезона, се ќе биде потврдено по неговото завршување иако Челси и Реал можат да се договорат веќе до крај на овој месец.

Оштетата што Реал ќе ја плати најверојатно ќе изнесува 100 милиони евра со што Азар ќе се израмни со Герет Бејл како најскап фудбалер во историјата на клубот.