Почнува судењето за убиството на Пино, на обвинителна клупа неговата девојка Ангела

729

Во Кривичниот суд денеска се очекува да почне судењето за убиството на Пинета Секондо – Пино, а на обвинителната клупа ќе седне Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за соучесништво во убиството.

Дваесет и шест годишното момче Пино исчезна на 11-ти декември 2018-та година, а тоа во полиција го пријавила неговата мајка.

По пет месечна истрага, на 29-ти април годинава во атарот на скопското село Љуботен беа пронајдени неговите останки.

На 31 мај годинава, пак, МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против неговата девојка и нејзиниот пријател Али Фуркан кој избега за сторено кривично дело убиство.