Некои од македонските јавни личности го искористија почетокот на годината и празниците за да спојат убаво и корисно за да уживаат некаде во некоја зимска идила.
За разлика од некои кои празниците ги дочекаа во домашен амбиент, македонските водителки Елена Стефановска и Миа Костова ја подготвија зимската опрема и уживаат во зимската идила.
Имено, Елена Стефановска се одлучи за поблискиот крај, поточно заедно со момчето Бојан ужива во снежните убавини во Маврово.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ
Таа живее живот со полн стил, па редовно ги известува своите следбеници за нејзините патувања и активности, а така и беше овој пат кога на „Инстаграм“ се пофали како ја стартуваше 2020 година.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ
Екс водителката на „Бекстејџ“, Миа Костова, Божиќните празници ги поминува надвор од границите на Македонија, поточно во соседна Бугарија каде што ги полни батериите за почетокот на новата година и за новите придизвици и обврски.
Таа на социјалните мрежи не се штедеше да се пофали со неколку фотографии.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

ФОТО: ИНСТАГРАМ
Ако судиме по почетокот на годината, тогаш 2020 година за македонските водителки ќе биде полна со патувања.