Претсеадателот на РКЕ Марко Бислимовски, соопшти дека новата цена на парното ќе биде намалена.
„Цената за испорачана топлинска енегрија na БЕК ќе се намали за 6,39%. Оние потрошувачи кои се приклучени на системот за топлинска енергија во сопственост на БЕК, ќе им се намали сметката за енергија за 4,35%, со тоа испраќаме уште еден сигнал дека и потрошувачите кои се исклучиле, да се приклучат на овој организиран систем за греење кој е најевтин.
Имаме историски најниска цена на испорачана топлинска енергија.“, рече Бислимовски.
Бислимовски кажа дека се намалува цената и кај ЕСМ енергетика.
„Кај останатите компании ЕСМ енергетика, цената за топлинска енергија ја намаливме за 0,57%. Во самото барање на оваа компанија, очигледно е дека имаше ненамерни технички пропусти. Во наредниот период оваа компанија треба да постави соодветни мерачи на своите производни капацитети. Во најмалата мрежа во Скопје Север која снабдува 501 потрошувач, тука имаме сериозен тренд на намалување на потрошувачите, цената за топлинска енергија се намалува за 1,25%“, рече Бислимовски.