Според „Сан“, кој се повикува на извори, но засега нема ниту потврда, ниту демант од Погба или од Франција, фудбалерот за врска на „црвените ѓаволи“ бил повреден после коментарот на Макрон дека исламот и извор на меѓународниот тероризам.
Овој став првиот човек на Франција го истакнал откако постхумно бил одликуван со орден на ческата, професорот Самуел Пати (47), кој бил нападнат по враќање од училиште, а одлуката за одликување била да се посочи колку е важна слободата на говорот, а настраданиот Пати објавил низа контроверзни и навредувачки слики од пророкот Мухамед.
Вакви карикатури за Мухамед кои беа објавени во сатиричниот магазин Шарли Ебдо пред низа години, донесоа огромен терористички напад, па сега новиот напад Макрон го осуди и изјави:
„Единството и цврстината се единствен одговор на монструозниот исламски тероризам“, рекол Макрон.
Овие зборови и фактот дека е одликуван загинатиот учител кој го навредил Исламот, ја прелеала чашата кај Погба и сметал дека ова е навреда кон него и кон сите муслимани во Франција, ама нема засега потврда дека фудбалерот повеќе нема да игра за „триколорите“ со кои ја освои светската титула во 2018 година на СП во Русија.
Погба во 2013 година дебитираше за Франција, а досега има 72 настапи за оваа селекција.