Погледнете го новиот пентхаус на рускиот тајкун Абрамович за кој платил 30 милиони фунти

991

Погледнете во внатрешноста на новиот лондонски пентхаус на Роман Абрамович, кој ни дава до знаење дека тој сепак нема засекогаш да го напушти Обединетото Кралство. Познатиот руски тајкун платил 30 милиони фунти за пентхаус покрај река со поглед кон мостот Стамфорд.

И покрај проблемите кои ги имал со својот визен статус, овој богаташ успешно го купи триплексот кој воодушевува. Доклку не сте запознаени, Абрамович имаше проблеми со обновувањето на своите инвеститорски визи, поради проблематичните односи на Лоднон и Москва после труењето на рускиот шпиун Сергеј Скрипал.

Овој пентхаус Роман го купил уште пред неколку месеци, пред сите компликации со визата, па сите сметаа дека брзо ќе се откаже после проблемите со бирократијата. Сепак, архитектите и дизајнерите кои ги ангажираше за уредувањето на овој стан, јасно ни даваат до знаење дека тој Британија нема да ја напушти толку лесно.

Пентхаусот зазема простор од 35 до 37 кат на зградата Chelsea Waterfront, односно проект која ќе има 700 домови. Овој проект треба да биде завршен до 2021 година, додека ценовите на становите ќе започнуваат од 2 милиони фунти.