Впечатокот бил дека поздравот бил многу посрдечен кога Ѓоковиќ се поздравил со Циципас.
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, денеска го започнува Рим Мастерс на кој ќе ги брани 600-те поени од минатогодишното финале.
Прв ривал ќе му биде Аслан Карацев, а поради тоа што Карлос Алкараз се откажал, главниот конкурент за титулата ќе му биде Рафаел Надал.
Ноле и Рафа се сретнале на Форо Италико, во текот на тренингот којшто го имале. Таму бил и тенисерот Стефанос Циципас.
Инаку, Циципас и Надал немале убави зборови за Ѓоковиќ во текот на Австралија опен кога Новак беше заробен од страна на власта, а потоа депортиран од земјата без можност да ја брани титулата.
Son amigos Nole y Rafa ? , saquen sus propias conclusiones pic.twitter.com/iNQRrVda9S
— Novak Djokovic Fans 🇺🇸🇮🇹🇪🇨 (@DjokovicFans) May 9, 2022
Новак и Рафа се сретнале и во Мадрид кога се поздравиле, а сега повторно во Рим.
Ѓоковиќ се поздравил и со Циципас и со Надал, а впечатокот е дека тоа било многу посрдечно со Циципас, додека пак со Надал поздравот повеќе бил ладен и професионален.
Многумина на социјалните мрежи се запрашале дали тоа е доказ дека Надал и Ѓоковиќ всушност не се пријатели и дека не се во најдобри односи.
Обостраната почит без сомнеж постои, но коментарите кои Надал ги упати додека Ѓоковиќ имаше проблеми и дијаметрално спротивни ставови по прашање вакцинацијата портив Ковид-19, веројатно донекаде донеле до „заладување на нивниот однос“.