Една млада мечка одлучи да „разгледа“ семејна куќа во Пасадена во американската сојузна држава Калифорнија.
Надзорните камери снимија како мечката најпрвин се освежи на фонтаната во дворот, а потоа влезе во кујната. Во моментите кога започна да ги разгледува и другите простории, се појавија двата мали, но навистина храбри териери.
Не само што ја избркаа мечката од куќата, туку може да се види и како големото животно мора со трчање да побегне од дворот.