Од Кремљ соопштија дека дека претседателот на Русија, Владимир Путин и министерот за одбрана, Сергеј Шојгу го поминале викендот во Сибир каде што го искористиле времето за одмор.
„Владимир Путин заедно со министерот за одбрана Сергеј Шојгу ќе го помине викендот во Сибир“, потврди вчера портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

На фотографиите и видеата кои се појавија во руските медиуми може да се види како шефот на државата управува со теренско возило низ густата сибирска шума и длабокиот снег.
На снимките исто така може да се види како Путин и Шојгу преминуваат мост од јаже над замрзната река.

Министерот за одбрана, Сергеј Шојгу ја искористил приликата на Путин да му ја покаже и својата работилница која ја користел за резбање на дрво.
Како што пренесуваат руските медиуми, 68-годишниот Владимир Путин традиционално зимскиот одмор го поминува во сибирскиот регион.