Погледнете како тепаат француските полицајци: Десетмина специјалци тепаа човек кој беспомошно лежеше на земја

905

Франција во саботата се соочи со големи протести и немири, а ситуацијата најмногу ескалираше во Париз каде што над 400 лица беа повредени, а над 130 беа уапсени.

Откако протестите на Жолтите елеци ескалираа, голем број на видеа започнаа да кружат на социјалните мрежи, на кои што може да се видат насилствата на демонстрантите, но исто така и бруталноста на француската полиција.

Специјалците со пендреци и со нозе брутално го претепаа демонстрантот кој што беспомошно лежеше на тротоарот, а снимката ја шокираше целата држава, но и светот.