Американскиот милијардер Ворен Бафет соопштил дека неговата компанија “Berkshire Hataway” ги продала сите свои акции во четирите најголеми американски авио-компании.
Обраќајќи се на годишниот состанок, Бафет оценил дека “светот се променил” поради коронавирусот.
Тој рекол дека погрешил што инвестирал во авио-индустријата, пренесува BBC.
Бафет се обратил неколку часа откако Berkshire Hathaway објавил рекордна загуба од 50 милијарди долари во првото тримесечје, пренесува “Reuters“.

Конгломератот имал удел од 11 проценти од акциите во Delta Airlines, 10 проценти во American Airlines, 10 проценти во Southwest Airlines и девет проценти во United Airlines, покажуваат податоците на годишниот извештај на таа компанија.
Berkshire Hathaway почнал да инвестира во наведените компании во 2016-та година, откако со години избегнува да вложува во авио-индустријата.