Македонските естрадни уметници поради коронавирусот ги откажаа своите настапи, концерти, тезги, па времето го поминуваат во своите домови.
Македонската фолкерка Елена Велевска неодамана за една емисија истакна дека време во изолација го поминува со своите деца во Охрид, а исто така истакна дека и недостига публиката и едвај чека да се врати на музиката.
Деновиве полека се разлабуваат мерките за заштита од корона, а од понеделник се отвараат кафе баровите, рестораните, кафаните…
Меѓутоа, се уште не се знае кога естрадните уметници ќе се вратат на настапите и концертите, но некои од македонските дами се вратија во салоните, секако со почитување на мерките и се фрлија на разубавување.
Македонската фолкерка Елена Велевска беше една од оние кои посети салон, па направила (д)епилација на влакната во носот, но и уште некој третман.
Веруваме дека по завршувањето заминала задоволна и релаксирана.
Меѓутоа, за крајот на денот, Велевска објави фотографија со кренати нозе и ноќен поглед на Скопје, па продолжи да ужива за време на полицискиот час.

ФОТО: ИНСТАГРАМ
Пејачката не застана таму, па релаксацијата и опуштењето, таа утринава одново фи отслика на социјалните мрежи, каде објави нова фотографија на која лежи во бела постела покриена само со тенка бела прекривка, а дали под неа има нешто на себе… остана мистерија! Сепак, со оваа објава сексапилната Елена ја „заскокотка“ машката фантазија.

ФОТО: ИНСТАГРАМ
Иако веројатно се работи за пспостари фотографии, веруваме дека фолкерката и физички и психички се опуштила и ги наполнила батериите, па кога ќе им се врати на концертите и настапите, тоа ќе го направи во полн сјај и со нова енергија.