Полека доаѓа зимата: Од утре ниски температури низ цела Македонија, во вторник ни доаѓа снегот

876

Дневните температури од утре ќе бидат значително пониски, а утринските на повеќе места ќе се спуштат под или околу нулата.

Од понеделник ќе има променлива облачност, а во вторник врнежи од дожд кои особено на север ќе поминуваат во снег и на повисоките места.

Во понеделник и од среда ќе има услови за појава на утринска магла.

Четврток и петок повторно облачно со можност за дожд, но нски температури, најавува „accuweather“.