Дерек Човин, поранешен полицаец на кој му се суди за убиството за Џорџ Флојд, денеска се повикал на петтиот амандман и одлучил да не сведочи во текот на судењето.
Човин рекол дека тоа е негова одлука, пишува “CNN”.
Се изјаснил како невин
Потсетуваме, во САД во моментов трае судењето на полицаецот кој во мај минатата година употребил сила при приведувањето на Џорџ Флојд, по што Флојд починал.
45-годишниот Човин се изјаснил како невин за обвинението за убиство од втор и трет степен. Неговиот адвокат Ерик Нелсон, во текот на судењето рекол дека случајот е посложен од пуштање на видео снимки.
Адвокатот додал дека Човин ги следел насоките на полициската обука за употреба на сила и утврдил дека Флојд починал поради употреба на дрога во комбинација со други здравствени проблеми.