Полицијата и семејството со денови го бараат: Дарко Лазиќ не се враќа дома ниту крева на телефон

1167

Ни семејството, ни српската полиција не можат да го дојдат до Дарко Лазиќ, од кого нема ни трага ни глас откако беше откриен „мерцедес“ со лажни регистерски таблички, кој тој во 2015 година ѝ го купил на поранешната сопруга Ана Севиќ.

Полицијата го бара за да го сослуша околу деталите за купопродажбата, но тој не одговара на повиците, неговиот телефон е недостапен, а не се вратил ни во домот во Брестач.

Никаде го нема, едноставно никој не знае каде е. Дома не дошол неколку дена. Полицијата не може да му влезе во траг, а камоли да му врачи повик за сослушување или да го приведе за информатицен разговор. Никогаш не направил вака, едноставно да исчезне, сите се загрижени, вели извор за срските медиуми.