Полицијата од Делчево трага по 51-годишен колега: Пред два дена заминал на риболов, оттогаш му се губи трагата

1005

Делчевската полиција трага по 51–годишниот колега (Т.С), кој последен пат е забележан пред два дена кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово каде често одел на риболов.

Лицето за исчезнато е пријавено утринава по што е започната потрага од страна на МВР.

Полициски извори за „МИА“ го потврдиле настанот и додадале дека (Т.С) често рибарел на споменатата локација, а во четвртокот на местото заминал со своето возило Застава 101, кое е пронајдено во близина на истата локација.

Повеќе детали за текот на потрагата за исчезнатиот Т.С кој инаку е вработен во МВР Делчево најавија во текот на вечерта.