Полицијата упадна во стан во Скопје: Пронајдена дрога, приведени се 13 лица

865

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека 13 лица се уапсени откако полициски службеници упаднаа на приватна забава во стан во центарот на Скопје.

Станот во центарот на Скопје во кој била организирана забавата бил во сопственост на правно лице, а по извршениот претрес била пронајдена поголема количина на дрога и опојни супстанци.

„На 24.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје околу 21.30 часот извршија претрес на дом, по претходно обезбедена наредба од Основен кривичен суд Скопје во стан во центарот на Скопје, сопственост на правно лице. При претресот се затекнати 13 лица кои присуствувале на роденденска забава, а пронајдени се повеќе пакувања со кокаин, марихуана, екстази, амфетамин, хашишово масло и друга дрога. Приведени се М.К. (22), В.А. (28), М.И. (28), С.Г. (23), Р.Ј. (22), Р.В. (31), Г.А. (23), Н.К. (22), П.Г. (27), М.И. (21), Н.Ш. (23), Т.П. (22) и В.М. (23). Дел од лицата биле и затекнати додека консумирале наркотични средства. Против лицата ќе биде поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство“, соопштија од МВР.