Кога една Американка се јавила во полиција и побарала помош поради нејзиниот насилен сопруг, полицајците веднаш тргнале кон нивната семејна куќа.
Кога полицајците стигнале, Дерик Томас побегнал, но сопругата им кажала на полицајците дека верува дека тој се крие некаде во куќата.
Полицајците веднаш започнале да го бараат и стигнале во подрумот каде што нешто им било сомнително. Еден од полицајците случајно одлучи да ја отвори машината за сушење, по што беше откриен Томас, кој веднаш бил уапсен и одведен во притвор.