Снимка од една бура која ја објавила полицијата на Австралија предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Додека едни тврдат дека станува збор за снимка од НЛО, други се сигурни дека во прашање е игра на светлината.
Полицијата на Западна Австралија останала шокирана од бизарното видео од надзорните камери кое настанало во текот на бурата која во неделата избила кај местото Брум на северозападот од земјата.
Камерата снимила молња која го пара небото за на снимката во еден момент во горниот лев агол на екранот да се забележи мистериозен летечки објект.
“Неидентификуваниот летечки објект” лебдел неколку секунди, а подоцна исчезнал од кадарот. Видеото предизвикало голем број разновидни коментари на социјалните мрежи.
И додека некои не се баш убедени дека станува збор за вонземско летало, други тврдат дека овој пат се сигурни дека постојат “малите зелени суштества”. Оние кои се сомневаат во ова, претпоставуваат дека станува збор за отсјај на светлото од леќата на камерата или рефлексија од фаровите на автомобилот (во долниот десен агол) кој во моментот на настанување на снимката проаѓал на коловозот.