Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница на Владата се препорачуваат следните мерки за усвојување:
Да се скрати рестрикцијата на движење, односно полицискиот час да трае од 24 часот до 05 часот наутро.
Угостителските објекти да работат до 23:30 часот, да се укине забраната за работа на фитнес центрите и теретаните.
Организирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет.
Капацитетот на градинките се зголемува на + 5 дечиња, односно од 15 на 20 деца во група.
Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и новите годишни одмори.
Овие мерки ќе важат до 18 мај 2021 година.