Политичар на видеоконференција на Европарламентот се појавил во гаќи (ВИДЕО)

558

Ирскиот политичар Лук „Минг“ Фланаган е снимен како присуствува на одборот на Европскиот парламент во – гаќи.

Застапниците на Европскиот парламент учествувале во дискусиите преку видеоврска поради пандемијата на коронавирусот. Одборот за земјоделство и рурален развој мирно дебатирал кога одеднаш Фланаган им се појавил на сите на екраните, седејќи на креветот во гаќи.

Изгледа не бил свесен дека камерата го прикажува и неговиот долен дел.

– Ви благодарам многу, комесаре Хан. Очигледно во секој момент треба да се обидеме да го извлечеме максимумот за својот долар – рекол ирскиот европратеник додека ги триел голите нозе.

– Во земји како Ирска каде луѓето плаќаат помалку, земјоделците страдаат уште повеќе – додал тој.

Сцената била премногу смешна за преведувачите бидејќи можело да се слушне воздржување од смеење додека зборувал европратеникот.

Ексцентричниот ирски политичар кој се вика Минг затоа што личи на Минг немилосрдниот од Флеш Гордон, за инцидентот се огласил на Твитер. Тој објаснил дека штотуку се вратил од трчање.

– Бев во маица пред две минути. Одлучив да облечам кошула за да изгледам попристојно – напишал тој.