Политичар се расплакал кога дознал дека добил само пет гласови на изборите – а има 9-члено семејство

1020

Изборните кампањи бараат многу труд и време, па затоа не нè чуди што политичарите се многу разочарани кога нема да ги постигнат посакуваните резултати на изборите.

Нету Шутеран Вала од Џаландар се кандидирал на локалните избори во своето место како независен кандидат. Меѓутоа, тој сепак стана повеќе познат по изјавата кој ја дал отколку од резултатите.

Имено, во интервјуто кое го дал, Нету го известиле дека добил само пет гласови, а она што најмногу го погодило е фактот што тој има 9-члено семејство. Во еден момент, политичарот дури и се расплакал.

“Санток Синг Чаудри води во Џаландар, а со нас е независниот кандидат Нету Шутеран Вала. И така, само пет луѓе гласаа за вас”, му кажал новинарот во воведниот дел од интервјуто.

“Господине, иако имам 9-члено семејство, добив само пет гласови”, му кажал тој на новинарот. На прашањето дали тоа значи ни дека членовите на неговото семејство не гласале за него, Шутеран бил речиси сигурен дека станува збор за измама.

Сепак, на крајот се утврдило дека новинарот (свесно или несвесно) излажал и дека Нету добил повеќе од пет гласови – поточно, 856 гласови. Тој резултат и понатаму бил многу лош, но е сепак за околу 150 пати подобар од оној кој што му бил кажан.