Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција најави дека попладнево ќе предложи ново име за технички министер за внатрешни работи, откако премиерот во заминување и денеска одбил Koвачки да биде технички министер на Полицијата.
Новиот предлог повторно ќе професиналец и дека чека одговор од власта, откако премиерот во заминување Зоран Заев ќе се врати во земјава.
-Потребно е одговорно однесување и нема да дозволиме Заев и компанија да избегаат од избори и соочување со народот на 12 април, изјави Мицкоски.
Првиот предлог полковникот Драган Ковачки да застане на чело на МВР како технички министер не беше прифаен од СДСМ поради членот 97 од Уставот според кој „со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.