Најмалку 14 луѓе загинале, а 13 се водат како исчезнати во поплавите кои ја погодиле Иркутската област.
Како што се наведува, 191 лице е сместено во болница, а меѓу нив има 38 деца.
Повеќе од 2.500 луѓе биле евакуирани од погодените области, а меѓу исчезнатите има и едно дете.
Поплавени биле 7.000 куќи, а погодени биле 83 населби во шест области.
Руската државна компанија “Роскосмос” објавила сателитски снимки од поплавите во Иркутската област.
Неколку космички апарати го фотографирале регионот погоден од поплавите, а фотографиите биле пратени во Националниот центар за управување во кризни ситуации при Министерството за вонредни ситуации, пренесува “Sputinik”.
Претседателот на Русија, Владимир Путин ја обиколил погодената област по враќањето од самитот Г20 во Осака. Тогаш рекол дека куќите, училиштата и болниците во најкраток можен рок мора да бидат обновени, за луѓето да не ја дочекаат зимата на улица.

