Едно лице загина во поплавите во Бугарија. Властите прогласија вонредна состојба во Тетевен, во централниот дел на земјата.
Бугарското национално радио јави дека животот го загубил 36-годишен маж во близина на Тетевен. Тој загинал на улица кога на него наишло огромно количество вода.