До самиот крај на овој четврточен ден во западните, југозападните како локално и во јужните предели ќе има поројни врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот на повеќе места а локално не се исклучува можноста и за редок град но и за електрични празнења (громови).
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од променлив правец додека температурите на воздухот поради продор на посвеж воздух од север ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени додека на запад и на југозапад ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 25 степени што значи повеќе времето ќе прилега на есен од колку на лето поради под просечните температури за овој летен период од годината.
Локално се очекува да наврне поголемо количество на воден талог за релативно кратко време (околу по и над 20 л/м2).
Потоа во следните неколку денови ќе икма пораст на максималните дневни температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!