Љубовта не знае за разлика во годините, но и во килограмите. Преслатки се!
Британската манекенка Елајза Камингс (28) ужива во првите денови од брачната среќа. Неодамна популарната убавица се омажи за фотографот Грег Вилијамс (46), а сега “гулапчињата“ одлучиле неколку недели да поминат во жешкото Мексико каде што уживаат на меден месец.

Парот бил забележан како разменува нежности во морето. Се прегрнувале, бакнувале и се забавувале во водата, а папараците упорно го “ловеле“ секој нивни чекор.
Елајза и Грег се запознале на некое модно снимање, а набрзо се појавиле и емоции. Многумина биле изненадени од новиот пар затоа што Грег не бил популарен, а убавицата пред тоа ја поврзувале само со славните момчиња и припадници на британската елита.
Сепак, очигледно е дека љубовта нема правила па манекенката завршила во прегратките на симпатичниот фотограф за кој многумина сметаат дека има вишок килограми.
Инаку, Елајза е многу попопуларна од нејзиниот сопруг Грег. Во својата манекенска кариера се појавила на многу насловни страници од списанија како што се “Vogue“ или “Elle“, а соработките со нив ѝ донеле многу ревии на најлуксузните модни брендови.
Таа се смета за една од музите на дизајнерката Вивиен Вествуд позната по ексцентричните креации.