Популарниот актер снимен како напаѓа девојка – буквално ја дави: „Сакаше да се тепаш?“

681

Снимката која кружи по социјалните мрежи ја возменири холивудската јавност.

Езра Милер (27), кој сите ги воодушеви со улогите во филмовите „Мораме да разговараме за Кевин“, „Чарлиевиот свет“ и серијалот “Фантастични ѕверки“, од самиот почеток на кариерата привлекуваше внимание во јавноста. Сепак, овие денови за него не се зборува за актерскиот квалитет туку за ексцентричниот стил на облекување и однесување.

На социјалните мрежи кружи снимка на која актерот буквално дави непозната жена.

Видеото трае неколку секунди, а на него се гледа како Милер разговара со девојка пред некој паб, и ја прашува: „Сакаше да се тепаш?“, а потоа ги става рацете на нејзиниот врат, ја фрла и ја дави.

На снимката може да се слушне и гласот на младото момче кое што во еден момент му вели на актерот: „Брате, брате, брате…“.

Сè се случува многу брзо и снимката трае само неколку секунди, но сепак истата успеала да ги шокира фановите на Езрин, затоа што како што пишува во видеото девојката која што ја дави е една од неговите обожавателки.