Една наставничка по математика го разбеснила таткото на ученик од трето одделение до таа мера што таткото покренал петиција во која барал нејзин отказ од работа.
Имено, во тестот на кој наставничката барала од учениците да решат што повеќе задачи во три минути, детето во предвидениот рок одговорило на 13 од вкупно 60 задачи. Меѓутоа, бидејќи не била импресионирана од неговиот резултат, наставничката напишала коментар кој воопшто не е педагошки.
“Апсолутно патетично, решил само 13 задачи за 3 минути! Тажно”, напишала таа.

Крис Пиланд, татко на ученикот, бил толку огорчен од ваквиот пристап што покренал петиција за суспендирање на наставничката и досега се потпишале над 15 илјади лица.

“Ниту еден учител нема право да напише толку страшни коментари за работата на мало дете”, заклучил еден корисник на Фејсбук.
Наставничката е моментално под истрага, а директорката на училиштето Роуз Минити објаснила дека станува збор за кадровско прашање и дека врз база на факти и докази ќе го направи она што е најдобро за учениците, независно од притисокот од социјалните мрежи.