Поради незгодно прашање заврши на подот: Руски функционер нападна новинар пред камерите

812

Руски ТВ репортер се најде на подот откако на локален функционер му поставил незгодно прашање – инцидентот резултираше со кривична пријава на функционерот и негово исфрлање од партијата.

Регионалната ТВ екипа на „Русија 24“ се обратила до шефот на локалната администрација Сергеј Зајцев, од кого побарале коментар за лошите стамбени услови за преживеаните од пожарот во една од областите во Република Каказија на Сибир.

Во 2015-та година пожарите убија десетици луѓе и оставија голем број на семејства без покрив на главата. Зајцев тогаш беше обвинет за негрижа која довела до смртта на луѓето, по што беше осуден на четири години затворска казна. Но, тој во меѓувреме бил амнестиран, па дури и ја задржил својата функција.

Интервјуто со Зајцев тргнало во погрешна насока откако новинарот му поставил прашање околу државните фондови кои биле формирани за изградба на станови за преживеаните од пожарот. Во 2015-та година руската влада ги задолжила локалните власти да изградат стамбени згради, но според зборовите на жителите, изградбата се одвивала со години и резултирала со лоши згради кои не биле погодни за живеење.

Како што тоа е често случај во Русија и на Балканот, функционерот лут поради прашањата за наводната корупција, започна да го навредува и турка новинарот, за на крај да го собори на земја. Тој сега се обидува да ја оправда својата постапка нарекувајќи го новинарот „професионален провокатор“, додека во меѓувреме против него е поднесена кривична пријава, а исклучен е од неговата партија – „Единствена Русија“ на Владимир Путин.