Доларот минатата недела зајакна во однос на останатите валути, бидејќи еврото беше под притисок поради новите рестрикции низ цела Европа.
Mинатата недела, индексот на доларот зајакна 0,8 проценти, на 92,70 поени, недалеку од највисокото ниво во последните четири месеци.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 0,7 проценти, на 109,65 јени, близу до највисокото ниво во последните девет месеци.
Американската валута зајакна и во однос на европската валута, за 0,9 проценти, па цената на еврото се лизна на 1,1795 долари, близу до најниското ниво од ноември минатата година.
Заедничката европска валута, од друга страна, е под притисок на стравот од инвеститорите дека европските економии ќе закрепнат побавно отколку што се очекуваше поради новиот бран затворања во Европа, вклучувајќи ги Франција и Германија.