Поради огромни реакции повлечено е истражувањето дека 5Г мрежата ги стимулира човековите клетки да создаваат корона вирус!

577

Меѓународен тим на научници објави извештај во меѓународната база на податоци PubMed, во кој се тврди дека мобилната мрежа 5G успеала да ги “натера” човечките клетки да создадат вирус.

Тие тврдеа дека нашите клетки на кожата делуваат како антени и го апсорбираат сигналот што понатаму се испраќа до други клетки, кои потоа го произведуваат вирусот.

Ова би значело дека земјите со најголема дистрибуција на мрежата 5G, исто така, би имале најголем број пациенти, но, на пример, Соединетите држави, кои имаат најголем број случаи, немаат најголема дистрибуција на оваа мрежа.

Мрежата 5G во моментов е најзастапена во Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Швајцарија, Кувајт, Австралија, Шпанија и Велика Британија.

Оригиналниот напис го објавија истражувачи од универзитетот Гуљелмо Маркони во Италија, Централниот универзитет Мичиген во САД и државниот медицински факултет во Москва.

Веќе во првата реченица, тие изјавуваат дека милиметарските бранови на мрежата 5G се апсорбираат од дерматолошките клетки кои играат голема улога во формирањето на коронавирусите во организмот.

На ова следеа големи реакци.

Д-р Елизабет Бик, поранешен истражувач на универзитетот Стенфорд, која сега работи на идентификување на грешки и манипулации во научните трудови, беше една од првите што го отфрли овој научен труд.

Имајте на ум дека тука се вели дека 5G брановите водат кон производство на Ковид-19. Очигледно тие ја мешаат болеста со вирусот. Клетките не можат да создадат вирус. Ги повикувам сите да ја отфрлат оваа студија – истакна таа.

Ејмс Хедер, истражувач од Северозападниот универзитет во Бостон, вели дека „не видел ништо поглупаво“.

Иако истражувањето е повлечено, Питер Град од MedicalXpress вели дека објавувањето на студијата има далекусежни импликации.

Ваквите трудови фрлаат сомнеж врз другите легитимни истражување и утврдени факти и шират малициозни лажни вести за науката и здравјето, создавајќи непотребен страв и сомнеж. Луѓето веќе нема да можат да прават разлика помеѓу пропагандата и вистинските истражувања, посочи тој.

Пред неколку дена, ПубМед објави дека студијата е повлечена.