Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во текот на денот поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа без електрична енергија ќе останат повеќе општини во Скопје.
Од 8:20 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Петровец и Ржаничино во општина Петровец.
Во период од 8:25 до 14:30 часот без струја, како што информираат од ЕВН, ќе бидат и корисниците од селата Миладиновци, Текија и Дељадровци во општина Илинден.
Од 8:30 до 10:30 часот струја ќе нема и делови од улиците Тодор Чангов, Ѓорѓи Капчев и Божин Николов во општина Аеродром.
Во општина Аеродром, додаваат од ЕВН, струја ќе немаат ниту корисниците од дел од улицата Тодор Чангов во делот кон реката Вардар по главната улица и подулиците со броеви над бр. 46, и тоа во период од 11:00 до 15:30 часот, како и корисниците од дел од улиците Атанас Митрев и Венјамин Мачуковски во период од 10:00 до 12:00 часот.
Понатаму информираат од ЕВН во период од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат и делови од општина Центар, односно дел од корисниците од улица Македонија , поточно зградата „Палата Македонија“.
Поради технички зафати струја во периодот од 8:30 до 15:00 часот ќе немаат и корисниците од селата Глумово, Шишево, Долна Матка и Горна Матка во општина Сарај, додека корисниците од улицата 4, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани без струја ќе бидат во периодот од 9:00 до 15:00 часот.
Од 10:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од село Голиево во општина Ѓорче Петров.
Од ЈП „Водовод и канализација“ пак информираат дека денеска поради отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник Ф-125 мм на улицата „Орце Николов“ бб (кај фонтаната на плоштад „Македонија“), без водоснабдување од 9:00 часот до завршување на интервенцијата, ќе останат корисниците од дел од улиците Орце Николов, Скопска, Никола Кљусев и кеј 13 Ноември, сите во општина Центар.