Мачката по име Ева е ѕвезда на социјалните мрежи, поради својот необичен “талент”.
Имено, додека нејзиниот сопственик јаде, таа му седи на рамо и ја чека првата можност да му го украде залакот од рака.
Тоа што е посебно интересно е тоа дека мачката ја краде храната со неверојатна брзина, поради што сега го добила прекарот “нинџа мачка”.
Сопственикот на оваа неодолива и снаодлива мачка објавил десетина снимки на кои неговата мачка му краде храна и изгледа дека тој не и се лути, туку се забавува со нејзината необична вештина.