Поранешната девојка на принцот Хари, Крешида Бонас, во новата биографија вели дека принцот е „ранет и опседнат со себе“, пишува „Сан“.
Англиската манекенка и актерка излегувала со принцот Хари две години и подоцна им раскажала на пријателите за неговата невроза поврзана со медиумите и папараците, дури и кога никој не немало во близина.
Принцот Хари во неколку наврати признал дека бил на работ на нервен слом и дека во тоа време неговиот брат Вилијам имал пресудно влијание врз него.
Неговите ментални проблеми имале огромно влијание врз неговата тогашна девојка. Роберт Лејси, автор на „Битка на браќата“, пишува дека Крашида чувствувала дека Хари е „ранет и опседнат со себеси“.
„Без оглед колку сте образовани, талентирани, богати или кул, на крајот тоа издава како се однесувате кон другите луѓе“, напишала Крешида во објава на Инстаграм.
Таа се пожалила и на пријателите затоа што Хари наводно беснеел и се жалел поради папараците. Тие раскинале во 2014 година затоа што медиумското внимание било едноставно премногу за девојката.
Новите тврдења од бомбастичната книга исто така велат дека принцот Вилијам го повикал братот на принцезата Дајана, неговиот чичко Ерл Спенсер, за да натера Хари да не се венча со Меган Маркл. Хари се налутил, а потоа започна голем раздор кој заврши со заминувањето на Хари и Меган од кралското семејство.
Двајцата, наводно, ги информирале принцот Чарлс и Вилијам за своите намери десет минути пред бомбастичното соопштение на Инстаграм и нивната веб-страница. Од тогаш поминаа месеци, а браќата едвај зборуваат.