Марк Ентони, поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, кој со латино дивата беше во брак 10 години, открил бизарен детаљ за пејачката, наведувајќи дека пејачката сака да ја прислушкува својата послуга.
– Тоа ѝ е баш забавно. Во куќата имавме надзорни камери, а таа понекогаш седеше пред екранот и слушаше за што разговараат куќните помошнички додека се во кујната. Некогаш сакаше и да се прикрадува наоколу, па ги прислушкуваше зад ѕидот. Не знам зошто тоа толку ја забавуваше, но мислам дека истото го прави и денес – рекол Марк за американските медиуми.
Марк и Џенифер својата врска ја започнаa во 2003 година, а веќе во 2004 година ја крунисаа со брак. Венчавката беше во кругот на најблиските и имаше само 40 гости. Во бракот ги добија и близнаците.