Поранешните сопружници Деми Мур и Брус Вилис повторно заедно – во изолација (ФОТО)

566

Да се заглави во изолација со поранешен сопружник  е кошмарно сценарио за многу луѓе, но не и за Деми Мур и Брус Вилис кои не се типичен разведен пар.

,,Моќната двојка’ од 90-тите , чиј брак заврши во 2000 година, по разводот останаа во пријателска врска, а тоа сега го потврдија и со фотографиите од изолација што ја поминуваат заедно.

View this post on Instagram

chaotic neutral

A post shared by tallulah (@buuski) on

Деми и Талула Вилис на својот Инстаграм објавија фотографии од поранешните сопружници кои носат исти пижами со зелени и бели пруги, а на две од нив е прикажан и остатокот од домаќинството со кое се наоѓаат во изолација, односно нивните три ќерки и нивните партнери и кучињата.

View this post on Instagram

Family bonding 💚

A post shared by Demi Moore (@demimoore) on

И покрај тоа што им даде одличен пример на другите разведени парови, Брус исто така покажа и скриен талент за фризер и ја избричи главата на својата ќерка Талула.

View this post on Instagram

🤝

A post shared by tallulah (@buuski) on

Патем, Брус е во брак со манекенката Ема Хеминг уште од 2009 година, со која има две деца,  додека Деми во моментов е сингл.