Породување во живо: Повеќе од милион луѓе го следеле раѓањето на првото дете на австралиската блогерка

987

Додека трпела силни болки, голема поддршка имала од момчето Курт и сестрата Емили која инаку ја породуваше. Во болница пристинала дури во вторникот на 26 март, а детето Фокс Оушн Тајлс го роди на 29 март.

Сара Стивенсон (26), австралиската фитнес блогерка со своите пријатели го сподели своето прво породување на својот Јутјуб канал. Видеото на кое се гледа целиот процес, од подготовка до самото породување го прегледаа повеќе од милион луѓе.

Самото породување траело 30 часа. На крајот повеќе не можела да издржи па побарала епударална анестезија. На видеото е прикажано целокупниот процес кој започнал во неделата на 24 март кога за првпат почувствувала породилни болки.

На снимката долга 25 минути посебно е емотивна сцената во која мајката на Сара се моли за својата ќерка. За ова се создадени нашите тела…Боже дај ни сила”, рекла мајката.

Илјадници фанови ја поддржале блогерката.

“Колку љубов и емоции чувствува жената кога раѓа. Поздрав до мајката и целата екипа за поддршка”, коментирала една следбеничка.

“Кога ќе забременам, ќе му го покажам ова видео на мојот сопруг да погледне како треба да се однесува за време на породување”, коментирала една жена со оглед на тоа дека фановите посебно се воодушевиле од поддршката на момчето на Сара.