Порошенко бара ослободување на украинските морнари

802

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, побара од Русија веднаш да ги ослободи украинските морнари и бродови кои беа запленети во Црното Море.

Порошенко на состанокот на Националниот совет за безбедност побара и смирување на кризата поврзана со Крим.

Денеска украинскиот парламент треба да го разгледа и барањето на Порошенко за воведување вонредна состојба.

Украинската морнарица изјави дека шест морнари биле повредени во неделата кога руската крајбрежна стража во близина на теснецот Керч отвори оган врз три украински брода, а потоа и ги заплени.

Киев тврди дека украинските бродови ги почитувале правилата на меѓународниот поморски закон кога се упатиле кон Азовското Море.

Русија соопшти дека украинските бродови немале дозвола да поминат преку Керч, кој го дели Крим од руското копно.

Од Русија и Украина, НАТО побара да покажат воздржаност, објави АП.