Порошенко му се заканува на Путин: Започна војната со Русија

1017

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, соопштил дека започнала “војна” со Русија, коментирајќи го инцидентот со Керчкиот мореуз.

Според зборовите на украинскиот претседател, акциите на руските граничари претставуваат агресија.

“Господине Путин, тоа е агресија. Господине Путин, тоа е војна. Тоа не е шега, не е инцидент и не е криза”, изјавил Порошенко. Меѓутоа, без оглед на тие големи зборови, нема официјални изјави од Киев.

Три украински воени бродови на 25-ти ноември нелегално ја преминаа руската државна граница, пловејќи од Црното море во Керчкиот мореуз. Бродовите неколку часа изведувале опасни маневри, не одговарајќи на легалните барања на руските граничари. Бродовите биле задржани, а сите членови на екипажот биле уапсени, меѓу кои и припадниците на безбедносната служба на Украина.