Поскапуваат становите во Скопје, метар квадратен оди и до 1.500 евра

540

Во третиот квартал годинава недвижностите поскапеле за 5,9 отсто. Во првиот квартал зголемувањето изнесуваше 3,2 отсто, а во вториот 4 отсто, покажуваат податоците на Народната банка.

Во Скопје, на пример во во општите Центар и Карпош квадратен метар станбена површина се продава и до 1.500 евра. Градежниците прогнозираат дека цената може да стаса и до 2.000 евра. Според нив причината за ова е немањето доволно локации за градење, блокираните детални урбанистички планови и неносењето нови, порастот на цената на градежните материјали, но и на работната сила, која сè почесто заминува во странство.