Рио Фердинанд со воодушевување на своите следбеници на социјалните мрежи им соопшти дека конечно ја запроси долгогодишната девојка, Кејт Рајт. Тој ја запросил на кров на зграда во Абу Даби, а заедно со нив биле и неговите деца Лоренц, Тејт и Тиа.
“Рече да. Никогаш нема да ми биде јасно како овие три деца успеаа да ја сочуваат оваа тајна”, напиша Рио Фердинанд.
Рио после смртта на сопругата беше депресивен и на раб на самоубиство, а токму врската со Кејт му ја врати волјата за живот.
Кејт, во неколку интервјуа призна дека е многу блиска со децата на Рио и дека се чувствува како дел од семејството.
“Се заљубив во Рио, потоа ги запознав неговите деца и се заљубив и во нив. Сфатив дека мојот живот драстично ќе се промени, знаев дека нема да бидам дел од неговиот живот без да станам дел од неговиот живот”, рекла за Дејли Меил и додаде дека децата постојано зборувале дека би сакале да добијат уште еден помал брат или сестра.