Канадскиот рапер Џон Џејмс Мекмари (34) загинал додека го снимал музичкиот спот рапувајќи на крилото од авионот кога изведувал акробации.
Вештаците на канадската провинција Британска Колумбија соопштиле дека Мекмари смртно настрадал за време на снимањето на неговиот видео спот. Тој ги изведувал своите акробации на авионот во саботата, пренесува АП.
Менаџерот на Мекмари, Рајан Дероше вели дека раперот интензивно вежбал, но несреќата се случила кога авионот направи спирала во моментот кога тој излезе на крилото на авионот.
Од тимот на раперот велат дека во тој момент Џон паднал и се фатил за крилото, за кое се држел предолго, а падобранот се обиде да се активира, но веќе било многу доцна.
Тој паднал на земјата и загина на лице место, а авионот безбедно слетал. Погледнете го последното видео пред несреќата.