Последни моменти во авионот пред паѓањето: Пилотот побарал да се вратат на аеродромот, а потоа настанала тишина

888

Авионот на индонезиската компанија “Lion Air” со 189 патници и членови на екипажот се урнал рано утрово во морето и потонал во близина на островот Јава, само 13 минути по полетувањето од Џакарта.

Авионот изгубил контакт со контролата за летање по полетувањето и се урнал во морето.

Наводно, тие побарале авионот да се врати на аеродромот во Џакарта пред леталото да изгубил контакт со контролата за лет.

Авионот побарал итно слетување речиси веднаш откако полетал, а властите изгубиле контакт после тоа.

“Уште не знаеме дали некој преживеал. Се надеваме и се молиме, но не можеме да потврдиме ништо”, рекол директорот на индонезиската Агенција за пребарување и спасување Мохамед Сјуагу, додавајќи дека не бил примен никаков знак за предупредување од авионскиот предавател за итни ситуации.

Индонезиската авио-компанија соопштила дека авионот бил сосема нов. Во 6:20 часот по локално време полетал кон Пангкал Пинанг, пренесувал 181 патник, како и 8 членови на екипажот.

Во авионот имало и најмалку 23 владини службеници кои, како што рекол портпаролот на контролата за лет, барале авионот да се врати и пред да биде изгубен контакт со леталото.

“Уште не се осудуваме да кажеме што се случило или што не се случило, збунети сме бидејќи ова беше нов авион”, рекол извршниот директор на “Lion Air” за “Reuters”.

Таа компанија соопштила дека авионот бил исправен и дека пилотот и копилотот досега имале остварени 11.000 часа летање.

Директорот на индонезискиот Комитет за безбедност во сообраќајот рекол дека не може да ја потврди причината за несреќата, додека не се пронајде црната кутија.

Кога станува збор за метеоролошките услови, во моментот кога несреќата се случила небото било чисто.

Податоците од порталот за следење на летови “Flight Radar 24” покажуваат дека првите знаци дека нешто не е во ред се појавиле 2 минути по полетувањето, на висина од 610 метри.

Авионот потоа се спуштил и свртел лево, па почнал да крева и да добива на висина, но на висина од 1.113 метри со него бил изгубен контакт.