Последните моменти од мандатот на Трамп: Пред да ја напушти Белата куќа помилува 143 луѓе, меѓу кои двајца рапери и негови поддржувачи

595

Претседателот на САД, Доналд Трамп, пред и официјално да заврши неговиот мандат како прв човек на државата, го помилува неговиот поранешен советник во Белата куќа, Стив Бенон.

Бенон беше клучен советник во кампањата на Доналд Трамп, а минатата година беше обвинет за проневера на пари.

Трамп ги помилува и раперите Лил Вејн (вистинското име му е Двејн Мајкл Картер Помладиот) и Кодак Блек (вистинското име му е Бил Кехан Капри) кои беа кривично гонети поради поседување на оружје.

Висок функционер од администрацијата на Трамп за британската новинска агенција „Ројтерс“ потврди дека Трамп го помилувал и поранешниот градоначалик на Детроит, Кваме Килпатрик кој отслужуваше 28-годишна затворска казна поради корупција.

Меѓу помилуваните се најде и финансиерот на неговата кампања Елиот Бројди кој призна дека илегално лобирал кај американската Влада да ја стопира истрагата за корупцискиот скандал во Малезија.