Никој нема ни да забележи дека колачите се посни!
Состојки:
- 100 милилитри вода
- 350 грама шеќер
- 160 грама ореви
- 160 грама бисквити
- 150 грама посен маргарин
- малку екстракт од рум
За фонданот
- 250 грама шеќер во прав
- 4 лажици врела вода
- 1 лажица масло
- 1 лажичка сок од лимон

Приготвување:
Во тенџере ставете шеќер, додајте вода, па кога ќе зоврие, додајте сечкан маргарин. Сомелете ги оревите и бисквитите, па додајте ги во тенџерето. Додајте и неколку капки рум.
Сето тоа добро измешајте го и сипете го во плех обложен со хартија за печење и израмнете го. Оставете го на ладно околу 2 часа.
Во подлабоко тенџере ставете шеќер во прав, додавајте вода и мешајте, па додајте и сок од лимон и масло. Прелејте ја смесата врз изладениот колач и израмнете.
Оставете го колачот на ладно еден ден за да се исуши и зацврсти глазурата. Пресечете го на плочки и уживајте.
Извор: Kod bake u gostima