Постапка која би можела да стане тренд за патувања во доба на пандемија: „Вие само дојдете, ние ќе се погрижиме за сè останато“

658

За да го олеснат планирањето на одморите во доба на пандемија, островската туристичка агенција осмислила програма со која што сака да ги привлече дигиталните номади и сите оние кои што можат да си дозволат шест седмици годишно одмор на карипскиот остров.

Сонувате ли за белиот песок и капење во тиркизната вода, а покрај тоа имате ли доволно годишен одмор, тогаш може да ви се допадне понудата на карипскиот остров Света Луција.

Оваа убавина е сместена на границата на Карипско море и Атлантскиот океан, северно од Свети Винсент и Гренланд, а поради природните убавини се наоѓа на листата на вљубениците во подалечните дестинации.

Туристичката агенција осмислила програма наречена „Like It“ за да ги привлече дигиталните номади и оние кои што можат да си дозволат шест седмици годишен одмор.

Оние кои што не сакаат да мислат за процедурите поврзани со заштитата од коронавирусот, пред, во текот и по патувањето можат тоа да го препуштат на локалците кои што ќе се погрижат за сè што ви треба: од букирање и барање сместување, до чекорите кои што се поврзани со здравјето.

Првите две седмици патниците мора да ги поминат во карантин, во текот на кој што двапати може да го сменат сместувањето и да посетат некои од локалитетите, но не и да се дружат со останатите гости.

Програмата на активности зависи од желбите на посетителите, па така може да научите повеќе за клеолската храна, да ги истражувате шумите или пак да учествувате на состаноци на плажа.

Идејата на оваа програма е да не се остават туристите сами на себе, па така во секој момент можат да се обратат до тимот со најразлични прашања и пред воопшто да пристигнат на овој остров.

Спојот на сигурноста која што ја дава туристичката агенција и слободата на соло патувањата во доба на пандемија може да стане поголем тренд поради тоа што многу од туристите остануваат дома за да не се преокупираат со бројните процедури и да се борат со барање прецизни информации за тоа што е потребно да направат за безбедно да патуваат.