„Постои еден симптом кој јасно го издвојува од останатите вируси“: Д-р Бранимир Несторовиќ за деталите во борбата со коронавирусот

798

Симптомите на коронавирусот се многу слични со оние на останатите вируси, но постои еден симптом кој многу јасно го издвојува од останатите вируси, изјавил д-р Бранимир Несторовиќ, познат пулмолог.

Како што истакнал тој, станува збор за губењето на сетилото за мирис.

„Овој симптом е заеднички за сите. Тоа е првиот симптом кој што е сигурен. Губењето на сетиолото за вкус поретко се случува, но губење на сетилото за мирис се случува речиси секогаш и тоа со сигурност го знаеме, а воедно тоа е и првиот симптом на коронавирусот“ – вели д-р Несторовиќ.

Како што истакнал тој, разликата помеѓу оние кои што имаат алергија и кои што киваат додека се надвор, и оние кои што имаат коронавирус е тоа што оние кои што имаат алергија ќе престанат со кивање веднаш кога ќе влезат дома.

„Овој вирус ги напаѓа цревата, бубрезите, мозокот, а има особини кои што ниту еден друг вирус ги нема. Овој вирус се задржува и до 14 дена, што вообичаено не е случај. Не ги напаѓа децата, а тие вообичаено се најзагрозени. Баш е чуден, ние така не учевме“ – изјавил д-р Несторовиќ.

Тој вели дека е тешко веднаш да се процени дали станува збор за вирусот, и дека и на докторите им е многу тешко тоа веднаш да го проценат.

„На почетокот тешко е веднаш на пациентите да им се каже дали станува збор за коронавирусот, докторите прво мислат дека станува збор за воспаление на белите дробови. На тој начин се прошири епидемијата во Италија. Тоа така изгледа на почетокот“ – објаснува Несторовиќ.

Се шпекулира дека гојазните луѓе имаат повеќе проблеми и се поризични пациенти кога станува збор за коронавирусот, потврди д-р Несторовиќ, кој вели дека вишокот килограми секогаш може да направи дополнителен проблем.

„Маста во стомакот, особено кај мажите, може сериозно да влијае на здравјето, особено во ваква ситуација“ – вели д-р Несторовиќ.

„Сите пациенти кои што починаа имаа проблем со кардиоваскуларниот систем, но и со дијабетес. Така покажува праксата досега“ – вели Кисиќ.