„Потажна не е можно да бидам“: Мелита жали по загубата

704

Првично по кое многумина ја знаат Мелита Ракиќевиќ се животните и емисијата за миленици „Пет шоу“ која долги години се емитуваше на телевизија.

Освен тоа Мелита беше позната и како сопственичка на продавници специјализирани за миленичиња.

Тој бизнис остана зад неа, но љубовта кон животните за Мелита не се намали воопшто. Таа често знае на својот Инстаграм да сподели фотографии и видеа од нејзините мачки и кучиња, но деновиве имаше една тажна вест кога е во прашање нејзиното кученце Зен.

ФОТО:МЕЛИТА/ИНСТАГРАМ

Мелита објави дека малиот и сладок Зен кој го чувствувала како нејзино дете, а не како куче, за жал починал од болст која ја напаѓа расата Померанец.

ФОТО:МЕЛИТА/ИНСТАГРАМ

-Потажна, не е можно да бидам! Почина и ми се скрши срцево, пишува на неколкуте фотографии од кученцето кои ги објави Мелита на својот профил.

ФОТО:МЕЛИТА/ИНСТАГРАМ

Љубовта кон животните е безусловна и незаменлива, а сигурни сме дека Мелита има многу убави моменти со Зен на кои ќе се сеќава за цел живот.