„Потенцијално опасен“ астероид во сабота влегува во Земјината орбита

490

Голем „потенцијално опасен“ астероид, поголем од Ајфеловата кула, на 11. декември ќе влезе во Земјината орбита, потврди американската вселенска агенција НАСА.

Астероидот во облик на јајце наречен „4660 Нереј“, долг 330 метри, ќе влезе во Земјината орбита, со брзина од 23.700 км на час.

Се очекува астероидот да пројде на извесна оддалеченост покрај Земјата, но ќе биде најблиску до земјата од сите астероиди во последните 20 години.

Нереј ќе биде оддалечен блиску 3.86 милиони километри, што е 10 пати повеќе од оддалеченота помеѓу Земјата и Месеината.

Иако звучи како голема далечина, тоа според вселенски стандарди е „на чекор“ од нашата планета.